Струмица 2°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Таксист силувал 14 годишно девојче од Струмица

Против Н.С од Струмица, Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „силување-друго полово дејствие“.

Четиринаесетгодишното девојче на 16-ти овој месец, околу 1:00 часот по полноќ, кај трговскиот центар „Глобал“, заедно со нејзината братучетка од Скопје, се упатиле кон Ново Село со такси возило управувано од пријавениот. Притоа, на влезот од селото братучетката на оштетената се симнала, а пријавениот продолжил со движење кон паркот каде требало да се симне девојчето, но тој не застанал на наведеното место и продолжил со движење кон излезот на селото, каде го паркирал возилото и извршил полови дејствија над девојчето, по што ја вратил назад во Ново Село.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.