Околу два часот по полноќ, на (27.07.2018) дваесетгодишната Д.С во СВР Струмица пријавила дека околу еден часот по полноќ, додека таа и нејзините две малолетни деца спиеле, лицето В.С (32), почнал силно да тропа на нејзината влезна врата, по што насилно ја отворил и се обидел да ја силува девојката.
Тој бил приведен од страна на полицијата и задржан во полициската станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.