Во Струмица пред споменикот на петтемина струмички студенти беа одбележани 67 години од нивното убиство. Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев беа убиени на 13-ти август 1951-та година, на планината Беласица, наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат од Македонија.
За животот и делото на студентите зборуваше Претседателот на здружението на политички затвореници – Никола Андонов, кој ги повика МАНУ, Архивот на Р.Македонија и Институтот за национална историја, да пројават желба за истрага на настанот со убиството на студентите.
Пред споменикот на студентите цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот на општина Струмица, како и членови од Советот, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.