Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Сливарите револтирани од откупот на сливите – го блокираа регионалниот пат Радовиш-Струмица

Сливарите од радовишко-струмичкиот регион својот револт од немањето откуп за модрите сливи, го изразија преку блокирање на регионалниот пат Радовиш-Струмица, со своите трактори. На тој начин сакајќи да го привлечат вниманието на надлежните.

Нивниот револт произлезе од тоа што не добиле никакво ветување од средбата со претставници од министерството. Според нив, повеќе од 4 милиони килограми модри сливи ќе скапуваат во нивните ниви и вината ја гледаат во ресорното министерство.  Сливарите реагираа и на ниската откупна цена по која ги продадоа првите килограми сливи и таа чинеше 8 денари по килограм.

Тие му дадоа рок на ресорното министерство до среда за да изнајде решение за состојбата во која се наоѓаат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.