Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски присуствуваше на свеченото доделување на дипломите на учениците од СОУ „Никола Карев“.
Доделувањето се вршеше во пријатна атмосфера во амфитеатарот во градскиот парк, а своите дипломи ги добија ученици кои во учебната 2017/2018 го завршија своето средно образование во „Никола Карев“.
Покрај градоначалникот, на доделувањето присуствуваа и членови на Советот на општина Струмица, како и семејствата и најблиските пријатели на учениците.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.