Општина Босилово наскоро ќе почне со реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2018 година.
Со Програмата, годинава ќе бидат изградени пет нови улици, како во с. Босилово, така и во останатите населени места во општината, а ќе се изврши и крпење на ударните дупки на локалните патишта.
Во 2018-та, асфалтирани ќе бидат две нови локални улици во Босилово и по една во Иловица, Еднокуќево и Бориево.
Со 40 тони асфалт ќе бидат крпени и ударните дупки на следниве локални патишта и улици: А4 – Еднокуќево, Робово – Муртино до Сачевски пат, Турново – Радово, Турново – Иловица – Штука, Сарај – Гечерлија, Бориево – Турново и други оштетени патишта и улици во општината.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.