Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

По „Нокаут“ Струмичани ќе ги забавува Каролина Гочева на Струмица Опен Фест

Во богата музичка програма за сечиј вкус, составена од голем број на македонски изведувачи, деновиве струмичани и нивните гости уживаа на седмото издание на Струмица Опен Фест. Врвот на забавата беше достигнат со настапот на легендарниот музички бенд  „Нокаут“, кој се одржа на отворената летна сцена кај чешмичката во Градскиот парк.

На истата сцена се одржа и завршниот концерт на летната школа за гитара, на кој 50 млади гитаристи од Струмица настапија заедно со нивниот предавач Васко Пиличев и македонскиот музичар Влатко Стефановски. Инаку интересот за свирење гитара кај младите во Струмица е сѐ поголем а тоа го покажа и фактот што годинава летната школа за гитара ја посетувале над сто ученици.

Фестивалската програма вечерва продолжува на истата сцена, со настапот на македонското девојче – Каролина Гочева, со почеток од 22 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.