При пожар во селото Старо Коњарево, општина Ново Село, синоќа изгореле четириесет крави, десет телиња, трактор, огревно дрво и друга земјоделска механизација и тоа во три објекти.
Според Александар Гудев – Командирот на Противпожарната станица во Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале 5 противпожарни возила од Струмица и Ново Село, со околу десетина пожарникари.
Пожарот избувнал доцна попладнето и е локализиран на полноќ а пожарникарите успеале да спречат да се прошири кон соседните куќи и објекти.
Причините за пожарот сѐ уште се непознати и се испитуваат од страна на увидни екипи на терен.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.