На 18.08.2018 година околу 13.50 часот на патниот правец Струмица-Берово, на излез од с.Дабиле, Г.Т. (49) од с.Петралинци, управувајќи патничко возило „Пежо 607“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда.
Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот истиот бил пренасочуван по магистралниот пат с.Дабиле кон с.Босилово.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.