Вечерва, на сцената на струмичкиот плоштад настапуваат култните „Црвена јабука“, босанскиот „Дубиоза колектив“, Саша Ковачевиќ и „Astra-Ion Project”.
Со настапот на „трите фини струмички деца“ како што се условуваат момците од „Astra-Ion Project” ќе биде затворено и годинешново издание на „Струмица Опен Фест“.
#СОФ годинава започна на 10-ти август, со настапот на „Rock Simphony”, а во текот на десетте фестивалски вечери продефилираа бројни маркантни музички имиња од Македонија и регионот, какви што се Тамара Тодевска, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена, Нокаут, Владо Јаневски и други.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.