Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Се врши санација и реконструкција на топловодното греење во СОУ „Никола Карев“ од Струмица

Поради застарена и дотраена топловодна мрежа, во средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица, во тек е санација и реконструкција на топловодното греење. Според утврдените приоритети во развојната програма на училиштето се менуваат 60 радијатори и целосно се реконструира цевководната мрежа. Изведувач на санацијата и реконструкцијата е фирмата „Макотерм“ од Скопје. Средства за санацијата се обезбедени од ставката за тековно одржување и од сопствени извори, во износ од околу 2 милиони денари.

Со овие занаетчиско-градежни активности ќе биде завршена уште една фаза за обезбедување на енергетска ефикасност во делот на загревањето на објектот на училиштето, кој има разгранет просторен капацитет со површина од околу 9.300 метри квадратни и спортска сала со површина од 1.400 метри квадратни.

Целта на училишниот менаџмент е да се намалат трошоците за загревање, да се подобрат  условите за работа во зимскиот период, како и да се изврши непосредно влијание за зголемување на свеста кај учениците, родителите и наставниците за значењето на домаќинското и одговорно однесување во процесот на одржувањето на училишните објекти.

Овозможувањето на добри услови за учење, домаќинско управување на објектите и остварување на заштеди од доброто одржување е целта кон која треба да се стремат сите што се вклучени во воспитно-образовниот процес. Општина Струмица во својата стратегија за образование ги има утврдено мерките и иницијативите за подобрување и реконструкција на застарената училишна мрежа и подобрување на енергетската ефикасност на училиштата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.