По завршувањето на „Струмица Опен Фест“, Јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица работи на генерално чистење и дезинфицирање на градскиот плоштад „Гоце Делчев“.
Во последните три вечери од неговото одржување, вработените во „Комуналец“ собраа вкупно 146 метри кубни отпад. Освен плоштадот, се чистат и околните улици.
Од претпријатието информираат дека комплетното чистење и дезинфицирање на целата површина се врши со специјално средство. Тие апелираат до граѓаните, доколку некои места околу плоштадот случајно не бидат опфатени, или пак, сметаат дека има места кои треба да се опфатат и дезинфицираат, да пријават на телефонскиот број 034 325 909.
Инаку и за време на одржувањето на фестивалот, екипите на ЈП „Комуналец“ од Струмица редовно вршеа подигање на отпадот и ги чистеа местата каде што се одржуваа настаните од седмото издание на „Струмица Опен Фест“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.