На 29-ти август започнуваат уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и во Наставен Центар Струмица и ќе траат до 3-ти септември до првиот уписен рок. Вториот уписен рок пак, ќе трае од 14-ти до 17-ти септември и третиот, на 25-ти септември. Новата академска година ќе почне на 1-ви октомври.
Оваа година во Наставниот Центар во Струмица ќе има студиски програми на Правниот факултет односно, класични правни студии, на Економски факултет, на Земјоделски факултет со агроменаџмент, градинарство, растителна биотехнологија, Филолошки факултет со две студиски програми и тоа англиски и италијански јазик со книжевност, Електротехнички факултет и Машински факултет. Годинава во Наставен Центар Струмица се очекува да се запишат околу 400 студенти.
Во изминатите 10 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ на факултетите во Струмица се запишале 2.000 завршени средношколци, од кои 1.200 студенти ги завршиле нивните студии.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.