Околу 12 илјади барања за легализирање на бесправно изградени објекти се поднесени во Струмица. Од нив, комплетирани се 6.514 предмети. По нив за 3.500 издадени се урбанистички согласности и пресметки за надоместок, а за 3.100 веќе има издадено решенија за легализација, според информациите од одделението за урбанизам при општина Струмица.
Сѐ уште се изработуваат решенија за одбивање за останатите 5.223 барања, поради недоставување на комплетни барања, во законскиот рок до 30-ти јуни 2018-та.
Во првите 6 месеци од дополнителниот рок за доставување нови барања за легализација, кој инаку трае до крајот на годината, доставени се 468 барања со комплетна документација. За 17 од нив издадени се урбанистички согласности и пресметка за надоместок за легализација, а за 9, издадени се решенија за легализирање на бесправно изградени објекти.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.