Општина Струмица ќе основа Бизнис-иновациски центар, со цел нудење поддршка на новите претприемачи и компании, во сите фази на нивното креирање и консолидација.
Центарот, исто така, ќе дава и поддршка на постојните иновативни мали и средни претпријатија кои сакаат да имплементираат иновативни решенија во нивните процеси на производство, управување и маркетинг.
Градоначалникот Јаневски Центарот го окарактеризира како нова идеја во која општина Струмица гледа надеж за нов економски развиток.
„Ова е еден нов концепт кој е добро етаблиран во Европската Унија, концепт кој има голем потенцијал и ќе овозможи пристап до европските фондови, се разбира врз база на добро издржани програми и иницијативи.” додаде Градоначалникот.
Бизнис-иновацискиот центар во текот на своето работење, како придружни членови ќе вклучува повеќе субјекти за што интерес веќе пројавиле Машинскиот факултет од Скопје, како и Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип.
Центарот претставува непрофитна асоцијација со веќе постоечка мрежа од центри во Европа и пошироко, кои функционираат со поддршка од Европската Унија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.