Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Започнува изградбата на новото осветлување во Градскиот парк во Струмица

На прес-конференцијата, која денес се одржа во градскиот парк во Струмица, Градоначалникот Коста Јаневски го најави проектот за модернизација и почетокот на изградба на ново осветлување во паркот.

Проектот, како што изјави Градоначалникот предвидува поставување на 97 нови канделабри со лед осветлување, од кои 24 ќе бидат со јачина од 80W и со регулација на интензитетот на светлината , 64 со моќност од 3 W и можност за регулирање на интензитетот на светлината и 9 со јачина од 80 W со регулација на светлината и сензор за зголемување на интензитетот на светлината при движење. Овие 9 канделабри ќе бидат поставени на потегот од споменикот „Македонија“ до амфитеатарот.

Вкупната вредност на оваа инвестиција која ќе овозможи подобро осветлување на Градскиот парк и заштита на енергија, изнесува 4.742.600 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.