Синоќа во Струмица се одржа првиот ноќен полумаратон „Во Струмица на улица“ и со тоа официјално заврши програмата на „Струмица Опен Фест“. Полумаратонот се одржа во организација на здружението спортски клуб „ЈУГО-ИСТОК“ и здружението „Културно-забавен живот“.
Градоначалникот Коста Јаневски им честиташе на сите учесници и им ги додели наградите на оние кои беа најдобри на маратонот, во женска и машка категорија.
Инаку пријавените учесници трчаа 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон од 21.1 километри.
Наградниот фонд за полумаратонот беше поделен во две категории – машка и женска и тоа, за прво место наградата изнесуваше 5.000 денари, за второ 4.000 денари, за трето 3.000 денари, за четврто 2.000 денари и за петтото место 1.000 денари. Ова се однесуваше и за двете категории.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.