Прекуграничните региони од Македонија и Бугарија започнаа здружено да ги промовираат локалните производи и туристички места. Шумските плодови во Банско, мед во Благоевград, костени во Петрич, специјалитети од пиперки во Струмица и смокви во Дојран, се само дел од гастрономската понуда, која се нуди преку проектот „Прекуграничен забавен центар“ на еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Пирински туристички форум од Благоевград.
Во рамките на овој проект подготвена е и веб платформа на три јазици, која на туристите им нуди детални информации за избраните 10 мини дестинации во двете земји, но и за кулинарските викенди кои ќе се реализираат од септември. Според програмата е предвидено домаќините на проектот да ги запознаат посетителите со нивните специфични, локални производи, историја како и важноста на локалните заедници.
Преку оваа платформа со изборот на еден или два кулинарски викенди добиваат програма од три дена. Така на пример, од петок до недела во регионот што ќе го посети, туристот самиот ќе може да подготвува и да проба од локалните продукти. На пример, во Струмица специјалитети од пиперка, во Гевгелија модри патлиџани, во Дојран смокви итн.
Реализацијата на овој проект е овозможена преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија и чини околу 107.000 евра.
Веста ја објави Сител







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.