Од денеска почнаа уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и ќе траат до 3-ти септември. Вкупно 5.000 слободни места има на 12 факултети и 3 академии. На денешната прес конференција Проректорот на Универзитетот – Кирил Барбареев истакна дека уписите се одвиваат во Штип, Струмица, Кавадарци, Прилеп и Скопје. На првиот ден од уписите има повеќе од 600 студенти и според него, тоа ги исполнува очекувањата на Универзитетот. Најголем интерес има за факултетот за медицина.
Барбареев истакна дека факултетот обезбедил 150 стипендии за најдобро рангираните идни студенти, кои ќе се запишат на некои од факултетите или академиите. Тој додаде и дека има најава за запишување на над 100-тина странски студенти, кои се регулираат со посебен начин на запишување, заедно со министерствата за надворешни работи и за образование.
Штипскиот Универзитет очекува оваа година да се запишат 2.000 студенти во прва година. Инаку академската 2018/2019 година започнува од 1-ви октомври.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.