Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во новата учебна година во детската градинка „Детска радост“ во Струмица, ќе се отвори група со целодневен престој за деца.

За првпат во новата учебна година 2018/2019 во просториите на клон 2 – детска градинка „Парк“, ќе биде отворена група за целодневен престој на деца, на возраст од 6 до 10 години. Со нив е предвидено да работи едуциран персонал односно, воспитувачи за одделенска настава.

Од Јавната образовна установа – детската градинка „Детска радост“ ги известуваат родителите кои се заинтересирани за престој на нивните деца во групата, дека пријавувањето е во тек и се врши во дирекцијата, а дополнителни информации можат да добијат на телефонскиот број 034 321 397.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.