Ученикот Димитар Џорлев од Струмица се пласираше за учество на Меѓународната олимпијада по природни науки, по одржани два селекциони натпревари во месеците јуни и август кои се реализираа во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите и Македонското биолошко друштво. Олимпијадата ќе се одржи во Боцвана, Африка во декември оваа година.
Тимот составен од шест ученика кои ќе ја претставуваат Р.Македонија ќе се натпреварува во областа на природните науки низ прашања и задачи опфатени преку тематската целина „Откривање, иновации и животна средина“.
Џорлев со поддршката од своите родители и општина Струмица, досега се натпреварувал на повеќе натпревари од повеќе области и има освоено голем број на награди на државно и меѓународно ниво. Овој предизвик на светско ниво ќе му биде добредојден за влез во водите на средното образование.
Инаку, Димитар Џорлев оваа година го заврши основното образование во О.О.У „Видое Подгорец“-Струмица и се запиша во С.О.У „Јане Сандански“во Струмица.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.