ЈПКД „Комуналец“ од Струмица по седми пат годинава ја исчисти депонијата на излезот од село Баница кон село Водоча. Бранко Ѓорѓиев – Раководителот на одделението „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните да не го оставаат ѓубрето покрај патиштата, туку да се јават во „Комуналец“ и тоа ќе биде веднаш подигнато.
Тој вели дека и покрај тоа што редовно ги чистат дивите депонии и двапати во неделата (среда и сабота) го подигаат отпадот од овој регион, сепак граѓаните треба да имаат повисока еколошка култура и сметот да не го фрлаат кај ќе стигнат, туку да се јават во претпријатието.
Несовесни граѓани фрлаат отпадоци и на други патишта во регионот и тоа на места што повеќе пати се исчистени од страна на екипите на ЈПКД „Комуналец“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.