Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Арсенал го пријави македонскиот голман Дејан Илиев во Лигата на Европа

Македонскиот голман – струмичанецот Дејан Илиев ќе добие шанса да биде нов македонски интернационалец во Лигата на Европа, бидејќи екипата на Арсенал го пријави за претстојните настапи во европското фудбалско натпреварување.

Илиев е помеѓу четирите пријавени голмани, а за конкуренција ќе ги има Петр Чех, Бернд Лено и Емилијано Мартинез. Илиев моментално е член на У23-тимот, со кого лани ја освои англиската Премиер Лига.

Ако Дејан Илиев добие шанса за настап, тој ќе биде седмиот македонец кој ќе игра во Лигата на Европа.

Дел од неа досега се Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака, Аријан Адеми со Динамо Загреб, Бобан Николов со Видеотон, Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон и Ељиф Елмас со Фенербахче.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.