Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Кошаркарите од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица први на зонскиот турнир во Штип

Кошаркарскиот клуб при СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, под менторство на професорот Атанас Цикарски, со две освоени победи е прв на табелата на првиот турнир кој се одржа во Штип – дел од Зонската Лига во кошарка, за машки за средните училишта од Зона Струмица.

Тие извојуваа победа над тимот на СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, со резултат 27:76 и против тимот на СОУ „Јане Сандански“ – Штип, со резултат 48:42, при што, освоија 4 бодови за прво место.

Резултати:
СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш – СОУ „Јане Сандански“ – Струмица 27:76
СОУ „Јане Сандански“ – Штип – СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш 49:28
СОУ „Јане Сандански“ – Струмица – СОУ „Јане Сандански“ – Штип 48:42

Табела:
1. СОУ „Јане Сандански“ – Струмица – 4 бода
2. СОУ „Јане Сандански“ – Штип – 2 бода
3. СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш – 0 бода

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.