По повод Новогодишните и Божиќните празници, општина Василево по осми пат организира турнир во мал фудбал, чиј фонд изнесува 200 илјади денари и ќе почне на 17-ти декември. Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, во Василево со почеток во 18 часот.
Турнирот ќе биде од Меѓународен карактер. Котизацијата изнесува 5.000 денари за сениори и 3.000 за кадети. Секоја екипа треба да брои од 6 до 10 играчи, од кои најмногу 2-ца може да се професионални играчи (Прва Лига и Прва Футсал Лига и истите ќе бидат проверени по комет систем од ФФМ).
Пријавувањето започнува од денес – 10.12.2018-та година и трае до 16.12.2018-та година до 16 часот. Во истиот ден ќе се одржи и ждребувањето на екипите кои се пријавиле на овој турнир, во спортската сала во Василево.
За пријавување учество и дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат кај организаторот на телефонскиот број 077 531 592.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.