Вечерва, со почеток во 19 часот, под покровителство на Oпштина Василево, ќе започне Новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, „Василево 2018/2019“.
За награден фонд од вкупно 200.000 денари ќе се натпреваруваат 20 екипи од Струмичко-радовишкиот регион.
Синоќа во присуство на претставници на пријавените екипи беше извршено ждребување и утврден составот на петте натпреварувачки групи, кои во меѓусебни натпревари во наредните дваесетина денови ќе го дадат победникот на годинешниот Новогодишно-божиќен турнир.
Честа првиот натпревар да го одиграат и официјално да го стартуваат турнирот, согласно ждребувањето, им припадна на екипите на „Елефант кафе“ и „Кадир“ од Струмица.
По нив, со почеток во 20 часот силите ќе ги измерат екипите на „Пакос“ и „Чифлик“, а веднаш по нив ќе стартува натпреварот меѓу екипите на „ЕлПи“ Турново и Едрениково.
Натпреварите ќе се играат секоја вечер со почеток во 19 часот, а финалето е планирано за 10.01.2019-та година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.