Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Струмица се подготвува за годинашниот „Струмички Карневал“

Во пресрет на годинашните случувања во склоп на „Струмичкиот Карневал“ кој ќе се одржува од 6-ти до 13-ти март, одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица, започна со дополнително чистење на влезовите во градот.

Оттаму апелираат дека за отстранување на шутот, граѓаните може во секое време да се обратат до јавното претпријатие.

Само за потсетување, почетокот на карневалот, симболично ќе биде означен со предавањето на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот – Коста Јаневски. И оваа година карневалот има богата програма и се очекуваат околу 2 илјади карневалисти, односно 45 карневалски групи од земјава и од странство.

Повеќе за програмата на карневалот оваа година, на следниот линк .

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.