Традиционалниот „Струмички карневал 2019-та“ годинава ќе се одржува од 6-ти до 13-ти март. Почетокот на карневалот, на 6-ти март, ќе биде означен со симболичното предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот – Коста Јаневски.
На 7-ми март ќе бидат објавени резултатите од конкурсот на библиотеката „Благој Јанков – Мучето“, изложба на фотографии од карневалот од 2018-та година и концертот под маски, на музичкото училиште „Боро Џони“. На 8-ми март ќе се одржи карневалско дружење на гостите од странство, со претставниците на карневалските групи од Струмица и свеченото отворање на струмичкиот карневал, со избор на принц и принцеза на карневалот, кое се одржува во хотел „Сириус“.
Во сабота на 9-ти март е приемот за претставници на карневалските групи и ВИП гостите, како и интернационалната карневалска поворка на булевар „Маршал Тито“ и плоштад „Гоце Делчев“. Во недела пак, на 10-ти март е детскиот карневал по повод „Прочка“.
На 11-ти март или „чист понеделник“ ќе се одржи прес конференција и објавување на резултатите за најуспешните маски од карневалската поворка, традиционално варење бел грав на плоштадот „Гоце Делчев“, отворање на изложбата за карикатури и афоризми и доделување награди за истите.
На 12-ти март е доделувањето на наградите од интернационалната карневалска поворка на плоштадот и тримерска карневалса забава а на 13-ти март, завршувањето на карневалот е со повторно враќање на клучот кај градоначалникот, одбележување на тримерските обичаи и концерт на ансамблот „Тримери“ во Дом на АРМ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.