Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ученикот Димитар Витанов го освои првото место на државниот натпревар во кати

Димитар Витанов од Струмица – ученик во прва година во СОУ „Никола Карев“ го освои првото место на 51-от Државен натпревар во кати, кој се одржа на 3-ти март во Скопје. Со тоа, Витанов ја потврди неприкосновената шампионска титула од минатата година.

Димитар Витанов е член на карате клубот „АБЦ“ – Струмица. Тој беше избран и за спортист на годината во младинска конкуренција на општина Струмица. Во 2018-та беше избран за најдобар каратист-кадет на Македонија, има освоено бронзен медал во ката екипно и бронзен медал во борба, на Светскиот клубски карате куп и меѓународниот турнир „Црвена звезда“. Тој со еден златен и два сребрени медали се врати од Европскиот фудокан Карате куп „Дунав опен 2018“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.