Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Заврши најмасовниот турнир „Пандев Куп 2019“

  • Претходно на турнирот исто така во четири денови учествуваа и помалите, родени 2009 и 2010 година.
  • На вториот Пандев Куп учествуваа над 70 екипи од Македонија, Србија и Бугарија.
  • Веќе ова лето на „Пандев Куп 2019“ ќе земат учество 96 екипи од повеќе земји во повозрасни категории.

По втор пат на највисоко ниво со над 1.500 дечиња од 8 до 12 години и голем број на фудбалски натпревари, се одржа „Пандев Куп 2019“. Четири дена од 27-ми до 03-ти март на терените во Струмица и Дојран, учество зедоа фудбалерчиња во генерациите 2006, 2007 и 2008. Претходно на турнирот исто така во четири денови учествуваа и помалите, родени 2009 и 2010 година.

На вториот Пандев Куп учествуваа над 70 екипи од Македонија, Србија и Бугарија. Ова се најдобро пласираните:

Генерација 2006-та

Прво место: ФК „Академија Пандев“
Второ место : „Е.Н.Е“ – Битола
Трето место: ФК „Победа“ – Прилеп
За најдобар играч на турнирот беше избран Филип Митев од ФК „Академија Пандев“, додека наградата за најдобар голман ја доби Дарио Велески од екипата на „Е.Н.Е“ –  Битола

Генерација 2007-ма

Прво место: ФК „Пелистер“
Второ место: ФК „Работнички“
Трето место: „Еуроспорт“
За најдобар играч беше избран Дарко Димитровски, а најдобар голман Александар Балев

Генерацијата 2008-ма

Прво место: ФК „Вардар“
Второ место: „Талент“ – Битола
Трето место: ФК „Академија Пандев“
Најдобар играч во оваа генерација беше Матео Ќесич од редовите на ФК „Вардар“, додека најдобар голман Лука Грчевски исто така од екипата на ФК „Вардар“.


Овој турнир беше поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран. Веќе ова лето на „Пандев Куп 2019“ ќе земат учество 96 екипи од повеќе земји во повозрасни категории.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.