На 29.04.2019-та година во 01:40 часот на магистралниот пат с.Босилово-с.Турново, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А-4“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.М.(30) од с.Бориево и патничко возило „Тојота јарис“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(65) од с.Ново Коњарево, во кое имало уште пет сопатници.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.И.(43), сопатничка во возилото „Тојота Јарис“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.