Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“, шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија – Самуел Жбогар, ја посети Струмица.
На дебатата која што се одржа во средното општинско училиште „Јане Сандански“, евроамбасадорот Жбогар и учениците разговараа за Европската Унија. По дебатата, со градоначалникот Коста Јаневски ја посетија градинката во градскиот парк која што е реконструирана во рамките на проектот „Еко градинки за одржлива иднина“ финансиран од ЕУ, а во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Оваа градинка е само еден од дваесетината проекти кои што општина Струмица ги има реализирано со средства од европските фондови.
Во попладневните часови евроамбасадорот Жбогар и градоначалникот Јаневски го посетија и манастирот во Вељуса.








Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.