Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Здружението „Вера“ од Струмица организира хуманитарна трка за Нина Димитриевска

Во сабота на 10-ти ноември со почеток во 12 часот, здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – ВЕРА од Струмица, организира хуманитарна трка „Да трчаме за Нина“ со цел собирање на средства за помош на Нина Димитриевска.

Нина има 7 години и треба да замине на операција во САД, која чини 65.000 евра, но семејството не е во можност да ги обезбеди.

Од Здружението информираат дека секој што ќе сака да учествува и да трча на трката ќе треба да плати симболични 100 денари на самиот настан и сите собрани средства ќе бидат донирани за операцијата на Нина. Трката ќе почне на Градскиот плоштад во Струмица и ќе се трча до игротеката „Плеј“ каде што Нина ќе ги пречека учесниците.

На настанот ќе се вклучат и волонтерите од Црвен Крст – Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.