Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат Струмица – Банско кој што минува низ населеното место Куклиш. Оваа делница долга 2 километри е значајна бидејќи претставува една од критичните точки на која што постои опасност за безбедноста на граѓаните.
На делницата се поставува и нов асфалт, на барање на жителите на населеното место Куклиш. Како што истакна градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, општината во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта „Македонија Пат“, ја рехабилитираше оваа делница во најкраток рок.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.