Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Заврши реконструкцијата на регионалниот пат Градашорци-Вељуса

Со асфалтирањето на преостанатите 800 метри од вкупно 5,4 км долгата делница, во делот на Градашорци – од црквата „Св.Никола“ до клучката со магистралниот пат Струмица-Радовиш, заврши реконструкцијата на регионалниот. Преку него општина Василево се поврзува со соседната општина Струмица.

Како што истакна првиот човек на општината – Марјан Јанев – ова  ќе биде квалитно и долготрајно решение. Реконструкцијата е извршена од страна на ЈП за државни патишта на Република Северна Македонија.

„Квалитетната патна инфраструктура, како основен предуслов за сеопшт развој во заедницата е една од нашите основни цели кон  кои се стремиме и задача која постојано е на нашата работна агенда. Секојдневно, максимално сме ангажирани и  ги користиме сите канали, начини и извори за обезбедување средства, бидејќи за нас, за нашите населени места, за нашата општина битен е секој  метар изграден пат или улица“ – истакна Јанев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.