Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Започна изградбата на канализациониот систем во населеното место Дабиле

Започна изградбата на канализациониот систем во населеното место Дабиле, во должина од 8.145 метри. На стартот на градежните активности присуствуваше градоначалникот на општина Струмица – Коста јаневски кој истакна дека со овој проект се подобрува квалитетот на животот на жителите на ова населено место.

Тој исто така додаде и дека, покрај овој проект, ќе се реализира уште еден во село Просениково – исто така изградба на канализационен систем, чија изведба ќе започне во наредните денови, како и уште еден предвиден проект – проширување на сообраќајницата од Струмица до населеното место и со реконструкцијата на патот кон границата со Бугарија. Овие проекти, како што истакна Јаневски, се дел од еден голем проект „Водоснабдување и одведување на отпадните води“ на Владата на Р.Македонија.

Изградбата на канализационите системи во населените места Дабиле и Просениково чини 44 милиони денари – средства обезбедени од Европската инвестициона банка а со сопствен дел учествува и општина Струмица.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.