Вкупно 500 илјади денари чинеше замената на дотраената дрвена столарија во ПОУ „Маршал Тито“ – с.Банско, кое работи во склоп на ООУ „Маршал Тито“- с.Муртино, со ПВЦ прозорци, внатрешни врати и алуминиумски влезни врати.
Средствата за оваа намена беа издвоени од буџетот на општина Струмица, со цел овозможување на добри услови за учење, домаќинско управување на објектите и остварување на заштеди од доброто одржување.
Со инвестирање во тековното одржување на училишните објекти за подобрување на условите за работа се прават напори и за зголемување на свеста на учениците, родителите и наставниците, за значењето на одржувањето на училишните објекти, нивната заштита и правилна употреба.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.