Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Загина тракторист во струмичко Сушица

Синоќа во село Сушица – Струмичко, на местото викано Обре, во несреќен случај животот го загуби 37-годишниот К.М – потврдуваат од СВР Струмица.

Според првичните сознанија, К.М управувајќи со трактор излетал од патот, по што паднал во бездна а несреќниот тракторист завршил под тракторот.

Тој починал на самото место на несреќата по здобиените повреди а во извлекувањето на неговото тело учествуваа и пожарникари.

Телото на починатиот беше предадено на семејството за погреб, по наредба  на Јавен обвинител.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.