Премиерот Зоран Заев и Вицепремиерот задолжен за економски прашања – Кочо Анѓушев, остварија бизнис средба со група стопанственици од Струмица.
На средбата беа презентирани мерките за поддршка од Планот за економски раст. Како што истакна Анѓушев, оваа година беа определени за 47% повеќе средства, од околу 70 милиони евра. Вкупно 10 проекти на компании од струмичкиот регион беа поддржани преку Планот за економски раст.
Во последните 10 години просекот на економскиот раст беше 2,7%. Затекнавме – 1,8% раст, а сега во последниот квартал имаме раст од 3,7%. Овој економски раст е генериран од реалната економија и тоа е гаранција дека тој раст е одржлив на долг рок – додаде Анѓушев.
Како што беше посочено од двајцата, целта на овие средби е да се поттикне вниманието на деловната заедница да ги користи сите механизми и алатки што им стојат на располагање, за да можат да отворат нови производствени погони.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.