Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Заеднички час на ученици од мешан етнички состав во ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица

  • Заедничкото дружење и соработка на учениците допринесоа за успешно завршена активност.
  • Заедничкиот час беше одржан во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци.
  • Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес.

Користејќи различни форми и методи на работа, преку претходно истражување спроведено од формираните групи на ученици, во ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, се одржа заеднички час на ученици со мешан етнички состав.

На заедничкиот час од наставниот предмет географија, беа реализирани предвидените програмски цели, при што, учениците изработија паноа со обележани географски региони, каде живее население со различна вероисповед, а на посебни необележани географски карти, ја одбележуваа местоположбата на населението со различна вероисповед. Заедничкото дружење и соработка на учениците допринесоа за успешно завршена активност.

Заедничкиот час беше одржан во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци.

Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес. Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со БРО-Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.