Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

За регулација на каналот во Градашорци, општината ќе бара средства од МЖСПП

На вонредната седница на Совет на општина Василево едногласно беше усвоена Предлог-одлуката за сопствено учество на општината за реализација на проектот за регулација на канал во с.Градашорци.

Вкупниот буџет за регулација на каналот во Градошорци изнесува околу 8.700.000 денари. Согласно апликацијата со која општината ќе учествува на јавниот повик, учеството на општина Василево  изнесува 35% односно 3.035.622 денари, а учеството на Министерството за животна средина изнесува 5.637.584 денари или 65% од вкупната планирана сума.

Општина Василево со подготвена техничка документација за уредување на канал во населеното место Градашорци, ќе учествува на повикот на Министерството за животна средина и просторно планирање, за проекти во делот на регулација на водотеци заради заштита од штетно дејство на вода – истакна првиот човек на општината – Марјан Јанев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.