Пронајден е човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.
Таа додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.
Пред неполни два месеци телото на струмичанецот Ристо Иљашев беше пронајден во метално буре исто така во водите на „Турија“. Тој пред да биде пронајден мртов, се водеше како исчезнат повеќе од месец дена.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.