Во периодот од 19-ти до 25-ти ноември, регистрирани се нови 74-ца заболени од груп – информираат од Институтот за јавно здравје. Според нивните информации, оваа бројка претставува намалување за 14,9% во споредба со минатата недела (од 12-ти до 18-ти ноември) кога беа заболени 87 лица.
Најголем број на заболени (47) се од возрасната група од 15 до 64 години од кои најмногу заболени (12) се пријавени во Центар за јавно здравје – Струмица.
Во сезоната 2018/2019-та вкупниот број на заболени од грип изнесува 344. Во споредба со истиот период, минатата сезона биле регистрирани 525 случаи, што значи дека, годинава има намалување на оваа бројка за 34,5%.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.