Фотографија објавена на јавниот профил на Црвен крст — Струмица
Трките се одржаа на 5, 10 и 21 километар.
Екипите за прва помош немале позначајни интервенции.
Волонтери од Клубот на млади при Црвениот крст – Струмица обезбедија логистичка и првопомошна поддршка на трката „Струмица на улица – Sunday Run“, одржана на 1 ноември.
На настанот учествуваа над 500 натпреварувачи во трките на 5, 10 и 21 километар.
Волонтерите делеа вода и медали, а беа подготвени и екипи за прва помош. За време на трката немало потреба од позначајни интервенции.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.