Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Висока Маала почна изградбата на три улици во вредност од 940 илјади денари

Викендов општина Василево започна со градежни активности во населеното место Висока Маала, каде на три различни локации се градат три улици со претходна подготовка на теренот: рамнење и тампонирање. Улиците се во должина од по 40-тина метри и ширина од 3,5 до 4 метри, во зависност од условите на теренот.

Асфалтирањето е предвидено во годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални улици и патишта. За реализација на овие активности општина Василево издвои средства во висина од 940.000 денари.

Градоначалникот Јанев истакна дека во текот на летниот период ќе се продолжи со асфалтирање на нови улици во истото населено место, со што ќе се олесни пристапот на граѓаните до своите домови и ќе се подобри локалната патна инфраструктура.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.