Денес, како што јавија италијанските медиуми, во градот Пјаченца во тешка сообраќајна несреќа загинаа Методиј (26) и Марија (25) Витанови од Струмица.
До несреќата дошло кога со автомобил удриле во дрво по што истиот веднаш се запалил.
Според кажувањата на медиумите Марија била во посета на Италија кај роднини, а вечерта кога се случила несреќата таа и нејзиниот роднина Методиј биле излезени со пријатели.
Случајот во Полиција бил пријавен во 3.15 часот, по што на лице место пристигнале и амбулантно возило, полицијата и пожарникарите, но само била констатирана смрт.
Случајни минувачи се обиделе да им помогнат гасејќи со противпожарен апарат, но не успеале да го совладаат огнот.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.