Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица започна есенското хортикултурно уредување

Одделението „Управување и одржување на јавни и зелени површини“ при  ЈПКД „Комуналец“ Струмица, започна со хортикултурното уредување на жардинериите во центарот на градот.

Денеска вработените работеа на расчистување на кружниот тек на Булевар „Гоце Делчев“. Акцијата ќе продолжи на територијата на цела Струмица.

Ќе следува и хортикултурно уредување со нови тревници, како и садење нови цвеќиња. Со овој зафат ќе се подобри градското зеленило и ќе бидат разубавени зелените површини, со цел подигање на стандардите на живеење на граѓаните.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.