Општина Струмица ги известува своите граѓани дека во периодот од 05.10.2018-та до 22.10.2018-та ќе се врши асфалтирање на делници од улиците:
„Младинска“ на потегот од улицата „Ѓорѓи Василев“ до крстосницата „Ристоман Попчевски“ ;
„Ѓорѓи Василев“ на потегот од улицата „Ристо Абрашев“ до крстосницата „Генерал Боро Поцков“;
„Ката Поцкова“ цела улица;
„11-ти септември“ на потегот од улицата „Елка Јанкова“ до крстосницата „Ристоман Попчевски“.
Општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање, бидејќи поради градежните активности на овие улици ќе има посебен режим на сообраќајот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.