Од денес (вторник, 25.06.2019-та година) до 28-ми јуни (петок), во хотел „Сириус“ – Струмица се одржува 7-от Конгрес на педијатри на Македонија, со меѓународно учество.
Целта на Конгресот е да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.
Стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи, кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатарски собир и ќе користат за натамошно напредување на науката во педијатриската медицина.
Освен стандардните теми од различни области на педијатријата, годинава главни теми на Конгресот се: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.