Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Струмица се одржа работна средба со бизнис заедницата

Во салата на Советот во Домот на АРМ, се одржа работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица на која беа презентирани владините економски политики „План за економски раст“.

На средбата, покрај домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски, учествуваа Зорица Апостолска, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Бисера Јордановска, претставник на Фондот за иновации и технолошки развој и Ана Ѓоргиева од кабинетот на министерката Апостолска.

Градоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица ги поддржува ваквите иницијативи и мерките на Владата на Република Македонија кои го поттикнуваат економскиот развој и апелираше до бизнисмените да ги користат фондовите и финансиската поддршка која што им се нуди.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.